Утрински Весник
Македонија

Филипче: По олабавувањето на рестриктивните мерки во сите земји во регионот има нов случаи со Ковид-19

Почнува олабавувањето на рестриктивните мерки, состојбата со коронавирусот во земјава стабилна

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – По олабавувањето на рестриктивните мерки практично во сите земји во регионот се регистрираат нови случаи со коронавирусот –  57 во Албанија од извршени 362 тестирања, 50-тина во Косово. Министрите за здравство на Словенија и Црна Гора, кои пред некое време прогласија крај на епидемијата, најавија соодветен пристап и тестирање нови случаи. Во Србија во изминатите 24 часа има 60-тина нови случаи.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека телефонски разговарал со министрите за здравство на Албанија и на Бугарија, кои укажале на тоа дека се јавуваат нови случаи.

– Разговаравме за начинот на кој ние реагиравме со цел да споделиме искуства како и евентуално врз основа на овие податоци кои што ние ги имаме, а тие сега практично ги анализираат, со оглед на новопријавените случаи, евентуално какви мерки би се преземале, потенцира Филипче.

Сто и три нови случаи се потврдени изминатите 24 часа во земјава. Направени се 841 тестирање, а 103-те регистрирани случаи со Ковид-19 во Скопје се 46, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-17, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-1, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-6. Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти од: Скопје-10, Прилеп-2 и Тетово -1. Починати се пет пациенти, тројца од Скопје, еден од Куманово и еден од Тетово.  рп/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила