Утрински Весник
Македонија

Филипче: После 70 години за првпат е реновиран Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ во Битола

Филипче: После 70 години за првпат е реновиран Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ во Битола

За првпат после 70 години се реализираше комплетна обнова на внатрешните простории во Здравствен дом „д-р Хаим Абраванел“ во Битола, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој најави и дополнително унапредување на услугите.

„Во овој Здравствен дом не е направена никаква инвестиција од 50тите години. Оваа установа опфаќа голем број на граѓани – пациенти на кои им пружа здравствена услуга. Целокупниот процес на реновирање ќе се финализира со замена на кровот во периодот којшто следува и помошта која се очекува да пристигне од делегацијата на ЕУ со што ќе се обезбеди ново амбулантно возило за потребите на жителите во Битолскиот регион. Честитки до директорката и целокупниот здравствен персонал кои покажаа дека може да се справат со менаџирањето на ковид кризата, но и целокупниот процес на вакцинирање во салата за масовна имунизација во Битола“, изјави министерот Филипче.

Пред две години, целосно беше реновирана службата на Итната медицинска помош, а финализирање на целокупниот процес на обнова ќе се заокружи со замена на кровот на установата.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат