Утрински Весник
Македонија

Филипче: Не може со сигурност да се предвиди со која динамика и како ќе се шири коронавирусот

Филипче: Не може со сигурност да се предвиди со која динамика и како ќе се шири коронавирусот

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Радикалните мерки ги преземавме откако видовме дека тие дадоа резултати во Кина и Италија, таму каде што се жариштата. Мерките се сериозни и мора задолжително да се почитуваат. Против секој што не ги почитува ќе бидат преземени соодветни мерки, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Ние не можеме да знаеме и да бидеме сигурни со која динамика и како ќе се шири вирусот посебно што имаме различни сценарија. Имаме 12 луѓе кои биле со пациентката повеќе од 20 часа во еден мал минибус и никој не заболел. Имаме друго сценарио при кое со контакти непосредни после тоа се пренела болеста. Така што очекувања, предвидувања, апсолутно неблагодарно е да се дадат, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата. рп/са/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче