Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација
Img 7972

Министерот за здравство, Венко Филипче нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков се тестирал за Ковид – 19 и дали контактирал со здравствените власти.

Мијалков откако исчезна во неделата, вчера се појави со објаснување дека бил во самоизолација поради тоа што имал температура над 40 степени.

„ Немам информации дали се тестирал и дали контактирал со Здравствениот инспекторат “, кусо одговори министерот Филипче.

На прашањето дали е можно по само три месеци некој повторно да се зарази со вирусот, како во случајот на Мијалков, министерот Филипче одгвори дека болеста има многу непознаници има многу специфични случаи, но науката се уште не дала одговор на тоа прашање.

Тој најави дека следната недела МАНУ ќе ги објави резултатите од анализите за присутните соеви на вирусот кај нас по зголемувањето на бројот на новозаболени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Почина момчето, кое со мотоцикл удри во џипот на пратеник од Левица

(Видео) Врие полиција на „Гологанов“ масовна тепачка на две групи во една кафеана