Утрински Весник
Македонија

Филипче: На концертот на Петар Грашо во Хераклеа беа прекршени протоколите

Филипче: На концертот на Петар Грашо во Хераклеа беа прекршени протоколите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за здравство Венко Филипче посочи на еклатантното прекршување на протоколите на концертот на Петар Грашо во Хераклеа и ги повика надлежните да реагираат и соодветно да ги санкционираат сите оние кои ги прекршуваат утврдените протоколи во борбата против коронавирусот.

„Не можам да го премолчам еклатантното прекршување на протоколите на концертот на Петар Грашо во Хераклеа во Битола. Комисијата за заразни болести и јас лично во текот на јуни имав неколку средби со организаторите на настани на кои заедно ги утврдивме сега веќе усвоените протоколи, а според кои меѓу другото, настаните се одржуваат единствено на отворено, со максимум 50% публика од предвидениот капацитет, задолжителна дистанца меѓу посетителите од 1,5 м, задолжително носење на маска и дезинфекција на раце и мерење на температура на влез за секој посетител. Организаторот на настанот е должен да обезбеди задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на протоколите и наведените мерки, со право да го отстрани секој посетител кој истите нема да ги почитува“, напиша Филипче на фејсбук.

„Грижата за колективното здравје е заедничка одговорност, која во овој случај треба да ја понесе организаторот на настанот. Ги повикувам надлежните веднаш да реагираат и соодветно да ги санкционираат одговорните“, додаде тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ИЈЗ со апел: Празнувајте паметно – внимавајте на храната, алкохолот и пиротехниката

Тешка сообраќајка во Тетово – повредени повеќе лица меѓу кои и две деца

Новогодишна порака од CIVIL: Вистината е важна