Утрински Весник
Македонија

Филипче му помогнал на човекот кој чекал пред Министерството за некаков проблем на Клиниката

Филипче: Ги повикувам институциите да ги истражат лажните наводи на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче побарал од соработниците да биде пронајден човекот кој утринава го чекал пред зградата на Министерството, а претходно од страна на обезбедувањето му било укажано да се оддалечи.

Утрово 33-годишен човек видно вознемирен го чекал министерот да побара помош од него во врска со некаков проблем во некоја од Клиниките.

-Човекот беше вознемирен, имал некој проблем со закажување за термин на клиниката и го пратив кај колегите да му помогнат. Му дадов телефон и го чекам да ми јави дали завршил работа, изјави за МИА министерот Филипче.

Според полициската белешка, утринава во 7 часот и 15 минути од Одделот за обезбедување пријавено е машко лице како седи на скалите пред Министерството за здравство. Од Страна на полициска станица Центар испратена е служба која констатирала дека се работи за лицето А.А. родено 1987 година. бк/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ