Утрински Весник
Македонија

Филипче: Капацитетот на производство на Институтот „Торлак“ е милион дози на месечно ниво

Филипче: Капацитетот на производство на Институтот „Торлак“ е милион дози на месечно ниво

Министерот за здравство Венко Филипче во рамки на денешната посета Белград имаше предвидено и посета на самиот Институт „Торлак“ кадешто заедно со српскиот Државен секретар за здравство, Мирсад Черлек имаше можност да дискутира во однос на капацитетите за производство на вакцините.

„ Дојдовме да го посетиме Институтот за серуми и вакцини „Торлак“ каде ќе се произведуваат не само вакцините кои се досега во календарот произведени туку и веќе се припрема производство на вакцината „спутник В“. Капацитетот за производство е 1 милион дози на месечно ниво и сакаме навистина да покажеме една солидарност како што тоа го правевме и до сега кога добивавме вакцини од нашите пријатели, тоа што овде ќе се произведува на Институтот Торлак нема да биде само за потребите на Република Србија, туку и за потребите на целиот регион, а посебно нашите братски и комшиски држави како што е Северна Македонија“ кажа Државниот секретар за здравство на Србија, Мирсад Черлекм во изјавата за медиуми пред Институтот „Торлак“.

Министерот Филипче се осврна на заклучоците кои произлегоа и од состанокот со министерот за здравство на Србија Лончар, во кои скоро сите епидемиолошки анализи се покажаа како многу слични, односно исти и ова се однесува и на пристапот, надградувањето на инфраструктутата и препораките во третман на пациентите.

„ После успешниот состанок со министерот Лончар на којшто разговаравме за навистина важни теми во дел на менаџментот на целокупната криза со Ковид 19 и во делот на епидемиолошките мерки и препораки и во делот на третманот на пациенти, во делот на инфраструктура, надградувањето на инфраструктурата, разменивме искуства за нивниот и нашиот пристап во делот на правење на ковид центрите, секако терапевтскиот пристап, секако разликите кај пациентите клиничката слика, овој бран споредено со оној бран минатата година. Заклучивме дека многу работи се многу слични односно исти и дека дефинитивно во регионот има и практично идентични движења што се однесува на епидемијата“ рече Филипче.

За Институтот „Торлак“ министерот Филипче изјави дека е познат по својата екпертиза и постои веќе 100 години, а во сиот овој период преку него се снабдуваат сите околни земји со потребните вакцини. Тој е комплетно обновен пред неколку години и во моментов функционира со надградени капацитети.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски