Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов денеска во 13:00 часот ќе направат обилколка низ клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ од главниот влез на кампусот.
По обиколката се предвидени изјави за медиумите на министерот Филипче и градоначалникот Шилегов на паркингот до Клиниката за гинекологија и акушерство.
-Во изминатиот период, во Клиничкиот центар се реконструираат улици и тротоари, се пробиваат нови влезови, се одвојува автомобилскиот и пешачкиот сообраќај, се оформува ургентна лента од главна капија, заради непречено движење на возилата на Итна медицинска помош, докторите и пациентите на клиниката, како и расчистување и уредување на јавните површини на просторот во Клиничкиот центар, информира Министерството за здравство. мч/са/