Утрински Весник
Македонија

Филипче: Искрено се надевам дека ќе нема потреба од мобилната болница

Филипче: Искрено се надевам дека ќе нема потреба од мобилната болница

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Целосната инсталација, целосното ставање во функција на мобилната болница, поставена во кругот на Универзитетската клиника за инфективни болести, ќе биде во текот на следната недела. Искрено се надевам дека нема да биде потребна. Сега засега нешто над 50 проценти е пополнет капацитетот на Клиниката.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ја посетија локацијата, каде што е поставена мобилната болница.

Тој се заблагодари на Министерството за одбрана, на вицепремиерката и министерка Шекеринска, и на градоначалникот Шилегов, што експресно прво се расчисти просторот, каде беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар“, кои Град Скопје ги урна и го уреди просторот.

Се расчисти, посочи Филипче, плацот и се обезбеди место каде се постави оваа мобилна болница која ќе има капацитет 130 кревети, практично дуплирајќи го капацитетот на Инфективната клиника.

– Ова е место кое одлучивме дека е најдобро да биде место каде ќе има доволен број кревети, многу поголем од сега актуелниот, заради тоа што тука е центарот на експертизата, специјалистите по инфективна медицина, медицинските сестри, вклучително и резервниот тим од другите клиники кој ротира како поддршка на Клиниката и на вработените кои имаат соодветен распоред на работа, рече Филипче.

Додаде дека верува оти ќе имаме крива на прием на нови пациенти, кој ќе биде практично амортизиран од Клиниката за инфективни болести. рп/ац/

Posted by MИА.mk on Четврток, 02 април 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Локализиран пожарот во Руѓинце, општина Старо Нагоричане

Запленети 30.000 евра на ГП Богородица

Приведен разбојник во Скопје, кај него пронајдена и дрога