Утрински Весник
Македонија

Филипче: Задоволни сме од динамиката и од резултатите од скринингот

Почнува олабавувањето на рестриктивните мерки, состојбата со коронавирусот во земјава стабилна

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Задоволни сме од динамиката со која се одвива скринингот во градинките, но и од резултатите. Во изминатите 24 часа се направени 533 тестирања за Ковид-19 од кои 203 во рамките на скринингот во градинките во Скопје и во Велес. Денешните тестови од скринингот се негативни. Од 14 мај, досега, се направени 908 тестирања на вработени во градинките во Битола, Скопје и Велес и сите освен еден резултат се негативни. Во Битола е завршен скринингот и тестирани се 322 вработени меѓу кои е и едниот позитивен случај.

Ова на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека продолжуваат со скринингот во другите ризик групи, вработените во домовите за стари лица, здравствени работнции, хроничните болни пред интервенција и пациентите кои треба да почнат да примаат биолошка терапија, како и други групи граѓани кои сметаме дека спаѓаат во ризични категории врз основа на бројот на контакти кои го имаат во текот на денот.

Филипче се осврна и на податоците за состојбата со Ковид-19 во државава, при што истакна дека Институтот за јавно здравје денеска регистрира 50 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-16, Куманово-10, Прилеп-6, Тетово-15, Велес-1, Крива Паланка-1 и Валандово-1. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје (78 г.) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77 г.), на болничко лекување од 14 мај. Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1.

Потенцира дека вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 1.839, бројката на оздравени пациенти е 1.351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.

– На Клиниката за инфективни болести и фербилни во изминативе 24 часа примени се двајца нови пациенти, а хоспитализирани се 43 пациенти од кои двајца пациенти се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а хоспитализирани се 21 пациент. На респиратор се четворица пациенти, a со потешка клиничка слика се уште двајца пациенти. На инфективните одделенија во Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 62 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19, додаде Филипче. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека