Утрински Весник
Македонија

Филипче: Да ги заштитиме сите оние кои одат на работа за да ги обезбедат основните потреби на граѓаните

Филипче: Да ги заштитиме сите оние кои одат на работа за да ги обезбедат основните потреби на граѓаните

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Апел до граѓаните да носат заштитна опрема ако се сомневаат дека се заболени кога ќе одат во маркети, аптеки, банки…, упати синоќа министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил.

– Да ги заштитиме сите оние кои одат на работа за да ги обезбедат основните потреби на граѓаните. Вработените во маркети, аптеки, банки и сите останати кои се исто така изложени на ризик овој период. Носете заштитна опрема ако се сомневате дека сте болни, задолжително одржувајте дистанца. Да бидеме совесни и одговорни. Од нас зависи, напиша Филипче.

Министерот за здравство упати голема благодарност до сите дизајнери кои дадоа свој придонес во борбата против коронавирусот. ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во гаснењето на пожарите вклучени над 150 армиски припадници

До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни

Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови