Утрински Весник
Македонија

Филипче: Дали ќе поднесам оставка ќе одлучам по истрагата

Филипче: Дали ќе поднесам оставка ќе одлучам по истрагата

Министерот за здравство, Венко Филипче, на попладневната прес-конференција по повод фаталниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово изјави дека од одговорност ниту бега ниту, ќе бега, но инсистира на тоа да заврши истрагата.

„Имам одговорност за менаџирање на ситуацијата, околу пациентите кои по пожарот и натаму се лекуваат, а по официјалните наоди од истрагата ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка“, посочи министерот.

Тој посочи дека е обезведена целата документација за сигурноста на објектите и повика да не се шират дезинформации.

Во пожарот во болницата во Тетово животот го загубија 14 пациенти, од вкупно 26 кои беа на лекување. Преживеаните 12 се пефрлени во болницата во Тетово.

Министерот исто така истакна дека починатите се на возраст од 29 до 79 години.

Можете да прочитате

Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски

Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

НЕВРЕМЕ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Обилни врнежи, планински снег и силен ветер