Утрински Весник
Македонија

Филипче: Брзо закрепнување на сите пациенти, се надевам на позитивни вести сè почесто

Филипче: Единаесет медицински лица од кумановската болница позитивни на коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче со порака на Фејсбук им посака брзо закрепнување на сите пациенти и истакна дека очекува се почесто да слушаме позитивни вести, откако  вечерва беше објавено дека од коронавирусот се оздравени двајца пациенти од Штип.

-Уште две лица кои боледуваа од КОВИД-19 се денеска оздравени. Двајцата пациенти од Штип ја поминаа болеста со лесна слика и во домашно лекување под постојан надзор  од лекарски тим. Им посакувам брзо закрепнување на сите пациенти и се надевам дека сè почесто ќе слушаме позитивни вести, напиша Филипче на неговиот фејсбук-профил.

Министерството за здравство претходно, пренесувајќи информации од Институтот за јавно здравје, соопшти дека денеска попладне се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од КОВИД-19 и дека согласно протоколот им биле направени два контролни теста кои покажале негативен резулат на коронавирусот.

Во болницата во Штип од вирусот сега се лекуваат четири пациенти, а оваа болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста кои се на домашно лекување. хс/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До февруари се очекува да заврши рехабилитацијата на патниот правец преку превојот Пресека, најави Николоски

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Почнуваат пообилни врнежи од дожд и од снег