Утрински Весник
Македонија

Физичка пресметка кај Житниот пазар во Кичево

Физичка пресметка кај Житниот пазар во Кичево

Кичево, 16 мај 2020 (МИА) – Во близина на Житниот пазар во Кичево вчера се случила физичка пресметка помеѓу две лица.

– Вчера во 09:45, на улицата „Маршал Тито“, во близина на Житниот пазар во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од У.З.(40) од Кичево врз Ш.Ш. (56) од селото Зајас, соопшти портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски.

Од СВР – Охрид информираат дека против  напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тој, исто така посочи дека во текот на изминатото деноноќие во Кичево и околината сите граѓани ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.

Димоски објасни дека во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. рз/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангеловска: Наставниците се важен дел од образованието, власта да ги покачи платите

Локализиран пожарот во струшко Велешта, сообраќајот нормализиран

Тренчевска: Без образовни асистенти на првиот училишен ден-Јаневска нема чувства!