Утрински Весник
Македонија

Фејсбук статус на дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски

Фејсбук статус на дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски

Скопје, 30 мај 2020 

Љупчо, директно твојот шеф Зоран Заев и неговиот брат – Вице, во Струмица ставија во ризик стотици луѓе, Ваши активисти и цело маало, со цел да соберат политички поени. Кршевте полициски час за да делите поткуп, а кога Ве фатија и санкционираа, Заев пишуваше фејсбук статуси и обвинуваше за политички притисок.

Дали Наќе Ви е виновен и за тие масовни собири кои ги правевте при распределба и делење на поткупот организиран од Заеви!?

Зошто кога Ви поведоа постапка обвунувавте за притисок!?

Дали Наќе е виновен и што не го уапси Оливер Спасовски, кој во ек на коронавирус си тераше партиска кампања и стави во ризик десетици, поточно стотици луѓе во ризик!? Или ако преземеше дејствија ќе се жалевте наоколу дека трпите политички притисоци, а Вие всушност го кршите законот!?

Срамота Љупчо! Покажи грам срам, наведни ја главата и не пишувај за да го револтираш народот. Твоите пајташи со дозволи од партијата го злоупотребуваа полицискиот час и делеа поткуп, ширеа зараза и ставаа луѓе во опасност.

Народот ве гледа. Следува казна многу скоро!

Фејсбук статус на Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ослабна топлиот бран: Имаме многу попријатни температури!

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да ја напушти функцијата ако така одлучат граѓаните

И градоначалникот на Кочани се приклучи на деветтиот Марш за ангелите