Утрински Весник
Спорт

Фетел го отфрлил предлолот на Ферари со драстично скратена плата

Фетел оптимист: Ќе бидеме посилни на „Спа“ и „Монца“

Маранело, 21 април 2020 (МИА) – Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, го одбил новиот договор на Ферари, според извештаите на медиумите во Италија.

Германецот пристигна во италијанскиот тим во 2015 година и изрази амбиција да ги следи стапките на неговиот идол Михаел Шумахер, но уште не ја освоил титулата, а Ферари го привлече младиот но и конкурентен Шарл Леклер за негов колега.

Тимот сепак сака да го задржи Фетел до 2021 година, но под различни услови. „Газета дело Спорт“ тврди дека Ферари предлага договор за уште една сезона за 12 милиони евра, што не ги исполнува неговите очекувања, а според италијанските медиуми, Себ ја одбил понудата.

Од различни извори е јасно дека Фетел бара двегодишен договор и не сака да ја намали платата толку драстично, што до 2020 година е 42 милиони евра. Ова ја прави разликата помеѓу колосалните желби на двете страни, што би можело да го присили Ферари да бара втор млад пилот и Фетел да започне да бара нов тим.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пикси објави изненадувачки спсок со кои Србија ќе игра на ЕП

Фоден избран за играч на сезоната во Премиер лигата

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал