Утрински Весник
Македонија

Фетаи: Oд доказите проилегува дека изборот на жртвите е да се Македонци

Фетаи: Oд доказите проилегува дека изборот на жртвите е да се Македонци

Обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ да бидат осудени на доживатна казна затвор, на Фејзи Азири да му биде изречена 15 години затворска казна, а на Хаки Азири од девет до десет години затвор, бара обвинителката Фатиме Фетаи.

„ Со друга санкција нема да се постигне санкцијата”, рече Фетаи на судењето.

Таа објасни дека според Обвинителството, целта на петкратното убиство била дестабилизација на Македонија, а важно било жртвите да се Македонци.

„ Иако е јасно за јавноста и за семејствата на жртвите е важно зошто е направен овој чин, во случајот, од доказите проилегува дека изборот на жртвите е да се Македонци. Конкретни докази за мотивот за кривичното дело тероризам, вообичаено нема”, рече Фетаи.

Според неа, обвинетите успеале во мотивот за дестабилизација, со оглед на протестите кои се одржуваа во тој период.

„ Се задоволиле со непоткрепени тези за ‘крвав Велигден’, но не дава одговор на тоа зошто. Дејствијата на убивањето на петте лица е терористички акт и извршителите тоа го знаеле. Можноста за дестабилизација на Македонија е мотив за овој чин, а делумно има успех, што се покажа на револтот изразен на протестите. Се обратив до Агенцијата за разознавање, но не дадоа податоци од помош. Мотивацијата да не се екстрадираат Алил и Агим од Косово е можеби подлабока и тие ќе треба да ги дадат одговорите за мотивите”, рече Фатиме, надевајќи се дека ќе бидат екстрадирани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева