Утрински Весник
Култура

Фестивалот за македонско вино и музика „Виноскоп 2022“ од 4 до 8 мај во Скопје

По прекин од четири години, месецов од 4-ти до 8-ми мај ќе се одржи фестивалот за македонско вино и музика„Виноскоп 2022”,  каде што граѓаните можат да уживаат во музичките изведби и убавото македонско вино.

На денешната прес конференција којашто се одржа во Град Скопје, организаторите на „Виноскоп 2022” ги промовираа музичките изведувачи и бендови кои што од 4-8 мај ќе настапуваат на скопскиот плоштад.

Оваа година за прв пат манифестацијата ќе биде збогатена со зголемен број на винарии кои ќе ги понудат своите производи.

„Скопјани заслужуваат градот да има вакви убави културни манифестации и токму поради тоа Градот Скопје во наредниот период ќе стави акцент на ваквите настани, со цел подигнување на културолошкото ниво и забава достојна за граѓаните на градот Скопје, како и на сите гости од регионот кои што ќе го посетат овој преубав настан“, велат од Град Скопје.

Текстот Фестивалот за македонско вино и музика „Виноскоп 2022“ од 4 до 8 мај во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“