Нови Сад, 21 мај 2020 (/) – Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека е усвоена препорака фестивалот Егзит да се одржи во август.
– Усвоивме препорака Егзит да се одложи за август, бидејќи очекуваме дека до тогаш ќе биде целосно мирна ситуацијата во цела Европа, истакна Брнабиќ пред новинари во Нови Сад.
Таа додаде дека целта на препораката е „фестивалот да се помести, а не да се откаже“. гт/