Утрински Весник
Спорт

Фернандињо се повреди, нов проблем за Гвардиола

Фернандињо се повреди, нов проблем за Гвардиола
Ss2

Манчестер сити со победа над Порто (3:1) ја започнаа сезоната во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ славеа над Португалскиот тим со головите на Сехио Агуеро, Илкај Гундоган и Феран Торес. Сенка на победата фрли повредата на Фернандињо.

Искусниот Бразилец на теренот влезе во 85 минута, а го напушти по само осум минути игра.

Img 5587

„Лоши вести. Ја обнови истата повреда. Долго ќе биде отсутен, четири до шест недели“, рекол менаџерот на Сити, Пап Гвардиола.

Фернандињо на листата на повредени играчи кај Сити им се приклучи на Кевин Де Брујне, Габриел Жесус, Нејтан Аке, Емерик Лапорт и Бенжаман Менди.

„Де Бријне и Лапорт започнаа со тренинзите. Ќе видиме дали ќе можат да играат во сабота. Двајца се враќаат, а останавме без еден. Распоредот е густ, ни требаат сите играчи“, рекол Гвардиола.

Манчестер сити, во сабота, ќе гостуваат кај Вест Хем.

> Фернандињо се повреди, нов проблем за Гвардиола <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Македонија се собра за бараж-двомечот со Фарски Острови

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024