Утрински Весник
Спорт

Фернандеш ги именуваше своите осум идоли од Јунајтед

Фернандеш ги именуваше своите осум идоли од Јунајтед
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Манчестер, 10 април 2020 (МИА) – Новата sвезда на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека како дете се восхитувал на голем број играчи од претходните генерации на Манчестер Јунајтед.

Португалецот ја започна својата кариера на „Олд Трафорд“ соодветно, запишувајќи серија силни натпревари по неговиот трансфер од Спортинг Лисабон во зима. Тој дури стана играч на месецот во Премиер лигата за февруари. Самиот Фернандеш ги сподели и играчите кои го инспирираа да го облече дресот на „црвените ѓаволи“.

– Како што реков многу пати, играњето за Манчестер Јунајтед е сон за мене како дете. Тоа е еден од најголемите клубови во светот. Само треба да ги видите имињата на играчите кои се натпреваруваа тука порано. Не станува збор само за Кристијано, туку и за играчи како Сколс, Руни, Гигс, Кин, Кантона, ван Нистелрој и мојот сонародник Нани. Сите тие го претставуваа Јунајтед. За мене ова е трансфер од соништата, сподели Фернандеш.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место