Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ференцварош или Карабах, ќе биде последна пречка за Шкупи за влез во групите од Лига Европа

Img 7972

Унгарскиот клуб Ференцварош или Карабах од Азербејџан, ќе биде последната пречка што треба да ја мине македонскиот првак Шкупи за да се пласира во групната фаза во Лига Европа. Претходно тимот на Гоце Седлоски ќе треба да го елиминира ирски Шамрок во третото коло од квалификациите во ЛЕ.

dobivaj vesti na viber

Ждребот не беше премногу наклонет кон Шкупи со оглед дека се работи за силни ривали. Но, тимот од Чаир сега е фокусиран на претстојните натпревари против Шамрок Роверс.

Првиот меч е в четврток во Ирска, а потоа следи и реваншот во Македонија.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица