Утрински Весник
Спорт

Федерер ја минува 750-та недела во топ 3 на АТП листата

Федерер ја минува 750-та недела во топ 3 на АТП листата

Базел, 5 март 2020 (МИА) – Роџер Федерер ја минува 750-та недела како дел од топ 3 на АТП листата. Далеку зад него на таа листа се Рафаел Надал (602 недели), Џими Конорс (591), Новак Ѓоковиќ (571) и Иван Лендл (499).

Федерер само неколку пати во последните 17 години беше под третата позиција на светската ранг листа. Првиот пат се случи во 2016 година кога падна на 16 место, но се врати во водечката тројка по Вимблдон во 2017 година.

Од топ 3 испадна и во февруари минатата година, а со тоа ќе мора да се помири и од понеделник, па зад Ѓоковиќ и Надал ќе биде Австриецот Доминик Тим.

Федерер претходно објави дека нема да учествува на Мастерсите во Индијан Велс и во Мајами, како и на Ролан Гарос, што, секако, ќе придонесе за сериозен пад на АТП листата. сѓд/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лазаров: Ова е еден од моите најсреќни денови во спортската кариера

Денвер ја победи Минесота и изедначи во серијата во НБА плејофот

Македонија ја победи репрезентацијата на Фарски Острови и обезбеди учество на Светското првенство во ракомет