Утрински Весник
Македонија

Февруари за 2,5 степени потопол од просекот, максимално измерената 21,6 степени

Февруари за 2,5 степени потопол од просекот, максимално измерената 21,6 степени

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Февруарските температури на воздухот во земјава годинава се повисоки за 2,5 степени во однос на многугодишниот просек од 1981 до 2010 година. Четиринаесет дена во февруари е забележана температура над 10 степени, а највисоката измерена е 21,6 степени во Гевгелија на 2 февруари.

Средната месечна температура на воздухот се движела од 1,5 степен во Маврово до 8,2 во Гевгелија. Ниски температури под нулата се регистрирани на целата територија најчесто во планинските области.

Средната максимална температура е од 7,5 степени во Маврово до 16,1 степен во Гевгелија, додека измерената средна минимална е од минус 3,8 степени во Берово до 2,1 степен во Гевгелија.

Врнежите во текот на февруари биле во рамки на многугодишна просечна вредност.

Просечно сума врнежи во февруари се движи од 15,9 мм во Гевгелија до 102,9 мм во Маврово. Според распространетоста  на територијата, запазен е трендот, но само во области над 300 метри надморска височина. Временски, врнежите биле застапени во текот на трите декади од месецот, но количински најмногу ги имало во првата декада. Забележани се врнежи од дожд, снег и замрзнат дожд.

Најмногу дожд на дневна основа од 39,8 мм е измерена во Маврово, каде е измерена и највисока снежна покривка од 41 см на 6 февруари.скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кој бил во владиниот авион заедно со Мицкоски, прашува СДСМ

За две години зголемени плати на полициските службеници, социјалните работници, на вработените во образованието, здравството, во јавниот сектор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност