Утрински Весник
Свет

ФБИ истражува дојава: При упадот бил украден лаптоп на Пелоси, со намера да им се продаде на Русите

ФБИ истражува дојава: При упадот бил украден лаптоп на Пелоси, со намера да им се продаде на Русите
Dik 300x250 mk

Американскoто ФБИ истражува дојава дека жена можеби украла лаптоп од канцеларијата на Ненси Пелоси за време на упадот во зградата на Конгресот, со цел да го продаде на Русија.

Против засега неименуваната жена е поднесена кривична пријава, пренесува Си-ен-ен.

Сепак, неофицијално, се работи за 22-годишната Рилеј Џун Вилијамс од Пенсилванија, која е осомничена за влегување во зградата за време на опсадата на Конгресот и за кражба на лаптопот на спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

Наводниот сведок им рекол на истражителите дека пријателите на Вилијамс објавиле видео на кое се гледа како таа го краде уредот, додавајќи дека има информации според кои таа сакала да го испрати компјутерот на пријател во Русија, кој потоа планирал да го продаде на руска разузнавачка служба.

Сепак, според сведокот, планот пропаднал од непознати причини, а Вилијамс или сè уште го поседува уредот или во меѓувреме го уништила.

Како што се наведува, целиот случај е сè уште под истрага, а Вилијамс не е уапсена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз