Утрински Весник
Спорт

ФА го продолжи договорот со Саутгејт

ФА го продолжи договорот со Саутгејт

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) објави дека селекторот Герет Саутгејт (51) го продолжил договорот до 2024 година. Саутгејт стана селектор на Англија пред пет години.

Саутгејт го предводеше „Гордиот албион“ до четвртото место на Светското првенство во Русија, третото место во првото издание на Лигата на нации и финалето на Европското првенство оваа година.

Според новиот договор тој ќе биде селектор до завршувањето на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во 2024 година.

Покрај Саутгејт, нов договор потпиша и неговиот помошник, Стив Холанд.

> ФА го продолжи договорот со Саутгејт <

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила