Компанијата „Фајзер“, која ја лансираше првата одобрена вакцина против коронавирус, ја спроведува првата фаза на клинички испитувања на антивирусна орална терапија што може да ја земе пациент со Ковид-19 кога ќе ги развие првите симптоми.
Во случај на добри резултати, ова би можело да биде првата орална антивирусна терапија за коронавирус.
Таблетата се тестира во САД и се потпира на инхибитори на протеаза – ист вид технологија што се користи за лекување на ХИВ и хепатитис Ц, пишува „Форбс“. Студијата вклучува плацебо групи со студии за единечна и повеќе дози.
Компанијата проучува и интравенски антивирусен лек за лекување, кој сега е клинички тестиран на пациенти со Ковид-19.
„Заедно, овие двајца (орален и интравенски антивирусен агенс) имаат потенцијал да создадат третман што ја надополнува вакцинацијата“, рече главниот научен службеник на „Фајзер“, Мајкл Долстен.
Вакцинациите и терапевтските третмани можат да бидат начин за враќање во нормалните активности. Единствениот антивирусен третман против Ковид-19 одобрен од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) е терапија со „ремдесивир“, но клинички студии сугерираат дека лекот не е многу ефикасен во лекувањето на Ковид-19, туку може да спречи репликација на вирусот во телото. САД одобрија итна употреба на други третмани: третмани со антитела развиени од „Ели Лили“ и „Регенерон“ и комбиниран третман со употреба на „ремдесивир“ и„ барицитиниб“ (антиинфламаторно средство).
„Фајзер“ ќе сподели детали за студијата и претклинички податоци на 6 април за време на состанокот на Американското хемиско друштво.