Утрински Весник
Свет

Фаучи: Секој треба да прими трета доза од вакцината против Ковид-19

Фаучи: Секој треба да прими трета доза од вакцината против Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, ги повика Американците кои се целосно вакцинирани против Ковид-19 да ја примат и третата доза, со цел да се зачува оптималната заштита од коронавирусот.

Според податоците на владиниот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), од 196 милиони целосно вакцинирани лица во САД, 34,5 милиони ја примиле третата доза до денес, но проблемот сè уште останува кај околу 60 милиони невакцинирани лица.

Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести и главен медицински советник на претседателот Џо Бајден, за време на гостување на телевизија рече дека нема нејаснотии кога станува збор за потребата да се земе дополнителна доза вакцина.

Тој посочи дека третата доза им овозможува на луѓето подолг период на заштита, иако не е јасно дали вакцинираните можеби ќе треба да продолжат да примаат бустер доза на секои шест месеци или на една година во иднина.

„Ќе анализираме што треба да правиме, ќе ја следиме науката, податоците“, рече Фаучи.

Советодавниот одбор за ЦДЦ во петокот едногласно препорача бустер доза на вакцината против Ковид-19 за сите постари од 18 години.

Бројот на случаи на инфекција во САД повторно е во пораст и повеќе од 90.000 лица се евидентирани во секој од последните неколку дена, Фаучи вели дека тоа било неочекувано бидејќи станува постудено и повеќе луѓе се во своите домови и во затворени простории.

Сепак, тој рече дека целосно вакцинираните семејства и пријатели можат безбедно да се соберат за претстојниот Ден на благодарноста, без маски за лице.

Можете да прочитате

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула