Утрински Весник
Спорт

Крстајиќ ќе биде новиот селектор на Нигерија?

Крстајиќ ќе биде новиот селектор на Нигерија?

Фудбалскиот сојуз на Нигерија подготвува изненадувачко решение на селекторската позиција. Нигеријците не биле задоволни од работата на Германецот Гернот Рор и се подготвувале на неговото место да го постават Младен Крстајиќ. Медиумите во оваа земја тврдат дека тие веќе ги започнале преговорите со довчерашниот тренер на српскиот прволигаш, ТСЦ.

Крстајиќ (47), ја предводеше Србија на Светското првенство во Русија. Во група со Бразил, Швајцарија и Костарика, Крстајиќ со Србија не успеа да се пласира во нокаут-фазата.

Србите му врачија отказ на почетокот од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2020 година, кога Србија доживеа тежок пораз од Украина.

Нигерија, со Рор, избори место во баражот за пласман на Мундијалот во Катар. „Супер орлите“ ја освоија групата во која беа Зеленортските острови, Ливерија и Централно-африканската република.

> Крстајиќ ќе биде новиот селектор на Нигерија? <

Можете да прочитате

Едерсон сепак е посеризно повреден и ќе го нема на голот кај Манчестер сити на решавачките мечеви

Алегри експресно е казнет за циркусот кој го приреди во финалето од Купот на Италија

Е.Пелистер многу потешко го совлада Тиквеш и избори очеклувано финале во Купот на Македонија