Утрински Весник
Свет

Фаучи: Можно е укинување на обврската за носење маски во затворен простор

Фаучи: Можно е укинување на обврската за носење маски во затворен простор

Водечкиот американски имунолог и медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, објави дека наскоро ќе се променат упатствата за носење маски во затворен простор.

На прашањето дали е време да се започне со либерализација на таа мерка, Фаучи одговори дека смета дека тоа треба да биде така, пренесува Си-Ен-Ен.

„Мислам дека тоа најверојатно ќе го видите како одиме понатаму и кога се повеќе луѓе ќе се вакцинираат“, рече Фаучи, кој е и директор на Националниот институт за алергија и заразни болести.

Тој најави дека Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ќе ги ажурира своите упатства, бидејќи што се повеќе Американци се вакцинираат.

Центарот за контрола ги олесни упатствата за носење маски на отворено минатиот месец, но продолжи да ги советува и оние кои биле вакцинирани и оние кои сè уште не се вакцинирани да носат маски во затворени простории како што се трговски центри, кина или музеи.

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк