Утрински Весник
Македонија

Фатмир Дехари: Во Кичево нема заразени, повикувам на претпазливост и посветеност

Фатмир Дехари: Во Кичево нема заразени, повикувам на претпазливост и посветеност

Кичево,7 април 2020(МИА) – Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари денеска информираше дека во соработка со секторот за внатрешни работи и здравствените институции, презедени се сите мерки за справување со Ковид-19.

-Ги презедовме сите мерки и благодарение на високата свест на нашите граѓани, посветеност и дисциплина, мерките очигледно даваат резултати, бидеќи до овој момент, за среќа, немаме заразени во нашата општина, истакна Дехари.

Тој ги повика граѓаните да продолжат да бидат претпазливи и како што рече не смееме да се опуштиме во ниту еден момент.

Во Кичево се почитуваат мерките на Владата, а во последните денови немаше никакви прекршувања на мерката самоизолација.

Од полициската станица Кичево информираат дека е поднеса кривична пријава против 39-годишникот  Б.М. од Кичево, кој околу 3 часот наутро, патувал во својот автомобил од Македонски Брод кон Кичево и не ја почитувал владината мерка за ограничување на движење за време на полицискиот час. рз/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“