Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Фармацевет од САД осуден на три години затвор, намерно уништувал вакцини

Фармацевет од САД осуден на три години затвор, намерно уништувал вакцини
300x250 opst2

Фармацевт од САД е осуден на тригодишна затворска казна, откако признал дека ги уништувал вакцините на „Модерна“.

Стивен Р. Бранденбург (46) намерно ги отстранил шишенцата со вакцини од фрижидерот, иако знаел дека мора да стојат на точно одредена температура пред користењето, покажуваат судските списи.

Фармацевтот мора да плати 83.300 долари отштета на болницата во Висконсин, каде бил вработен.

Тој ги извадил шишенцата со вакцини во текот на две ноќни смени во јануари. Ги оставил неколку часа надвор од фрижидерот, пред да ги врати. Тие шишенца се користени за вакцинирање следниот ден.

Вкупно 57 лица примиле вакцини од шишенцата кои Бранденбург ги извадил од фрижидерот, стои во соопштението на Министерството за правосудство.

„Намерен обид да се уништат дозите вакцини во текот на националната јавноздравствена криза е селиозно злосторство“, порача Брајан Бојнтон, заменик-државен обвинител при цивилниот оддел на Министерството за правосудство.

Бранденбург бил скептичен кон вакцините, а посебно кон оние на „Модерна“.

Преку 124 милиони дози на „Модерна“ се вбризгани во САД. Вакцинирањето со две дози е околу 90 отсто делотвроно против симптоматски Ковид-19 и 95 отсто против тежок облик на болеста.

Можете да прочитате

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД

Бајден прима хормонска и зрачна терапија поради агресивниот рак на простата