Утрински Весник
Магазин

Фагбенли ќе го глуми Барак Обама во нова ТВ-серија

Фагбенли ќе го глуми Барак Обама во нова ТВ-серија
Ss2

Новата драмска серија на каналот Шоутајм, со наслов „Првата дама“, почна да се снима во Ковингтон, Џорџија во четвртокот.

На самиот почеток на продукцијата веќе е откриено дека О.Т. Фагбенли ќе го игра претседателот Барак Обама, наспроти Виола Дејвис како Мишел Обама, според „Ентертејнмент тунајт“.

Серијата што ја создаде Арон Кули е опишана како проект кој „го разоткрива прекројувањето на американското лидерство, раскажано преку објективот на жените во срцето на Белата куќа“.

Фагбенли, роден во Британија, веднаш се пофали на својата Инстаграм-страница со веста за новиот ангажман, и откри дека за него е голема чест да го портретира претседателот Обама.

Во продукција на „Лајонсгејт ТВ“ и „Шоутајм“, серијата е во режија и извршна продукција на Сузан Биер, заедно со Виола Дејвис, како извршен продуцент.

Мишел Обама, Елеонор Рузвелт и Бети Форд ќе бидат во фокусот на првата епизода, за која сценариото го напиша романописецот Арон Коли.

Семејството Обама мина осум години во Белата куќа, од 2008 до 2016 година.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Сок од бозел – еликсир на здравјето

Задржувањето на водата во телото може да влијае на мозокот, очите и белите дробови

Страдате од мигрена? Овие четири природни додатоци можат да помогнат