Утрински Весник
Економија

УЈП: Финансиска поддршка за исплата на плати за април им е одобрена на 16.546 компании за 103.307 вработени

УЈП ги почнува контролите на физичките и правните лица поврзани со „Рекет“

Скопје, 16 мај 2020 (МИА) – Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека финансиска поддршка за исплата на плати за месец април 2020 година им е одобрена на вкупно 16.546 компании за 103.307 вработени.

Како што информира Секторот за односи со јавност на УЈП, вкупниот износ на досега одобрената финансиска поддршка изнесува 1.447.278.909 денари.

– Даночните службеници кои работат викендов прават конечна обработка на МПИН пресметките во кои се содржани останатите барања за финансиска поддршка, за коишто в понеделник УЈП ќе го извести Генералниот секретаријат на Владата на РСМ за спроведување на исплатата, се додава во соопштението на Управата за јавни приходи. сп/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ИСОС повторно ја обедини професијата од регионот: Сметководството преминува од бројки кон влијание

НБРМ: Европските институции позитивно ја оценија монетарната политика

Каматната стапка е непроменета –  зголемени ризици за монетарно затегнување