Утрински Весник
Економија

УЈП: Одобрени барања за финансиска поддршка на 7710 фирми, во износ од 659,3 милиони денари

Приведени тројца кавадарчани осомничени за фалсификување пари

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Управата за јавни приходи информира дека се обработени и одобрени барања за финансиска поддршка на 7.710  фирми во износ од 659.324.245 денари.

– Заклучно со денешното известување, Управата за јавни приходи одобри и обработи вкупно 17.813 барања за финансиска поддршка на фирми за исплата на плата за месец април 2020 година за 110.325 вработени, а вкупниот износ на финансиската поддршка изнесува 1.545.193.018 денари, се наведува во соопштението од УЈП.

Владата на Република Северна Македонија, како што додаваат, минатата недела изврши исплата на финансиските средства на 10.103 фирми, а Управата за јавни приходи продолжува со дообработка на останатите барања на фирми кај кои имаше технички недостатоци во МПИН пресметката. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во април раст на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, намален кај горивата

Перински: Модерни и развиени општини значат конкурентна економија

УЈП: Истекува рокот за проверка и потврда на годишните даночни пријави за остварените приходи за 2025 година