Утрински Весник
Економија

УЈП ги достави годишните даночни пријави, граѓаните да ги проверат до 31 мај

УЈП ги почнува контролите на физичките и правните лица поврзани со „Рекет“

ГРАЃАНИ ПРОВЕРЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ГОДИШНИ ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ ЗА 2019 ГОДИНА

Скопје, 10мај 2020 (МИА) – Управата за јавни приходи ги подготви и до граѓаните ги достави Годишните даночни пријави за 2019 година. Оттаму ги повикуват регистрираните корисници на системот „е-Персонален данок“ да извршат увид во Годишната даночна пријава за 2019 година преку своите кориснички профили.

Pet Utrinski

Граѓаните, како што наведуваат од УЈП, може да ја потврдат или коригираат Годишната даночна пријава за 2019 година, најдоцна до истекот на крајниот рок 31 мај 2020 година.

По истекот на законскиот рок на  1 јуни 2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишните даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани.

Годишната даночна пријава за 2019 година која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на доход за 2019 година.скс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст