Утрински Весник
Македонија

Уште 21 лице повикани на разговор во СВР Скопје за настанот во скопско Ченто

Полицијата растерала поголема група млади на Водно

Скопје, 17 април 2020 (МИА) – Во врска со настанот што се случи пред неколку дена во скопската населба Ченто досега од страна на СВР Скопје се поднесени кривични пријави за три лица, а дополнително од нивна страна е извршено идентификување и се повикани на разговор 21 лице кои учествувало во настанот и не ја почитувале мерката за забрана на движењето со што сториле кривично дело, информираат денеска од МВР.

– Во следниот период, а во насока на целосно расчистување на настанот Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со обезбедување на доказен материјал за останатите лица и по завршување на постапката за сите лица кои постапиле во спротивност со законот ќе бидат поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство, се подвлекува во соопштението од МВР и се посочува дека неселективното пристапување е клучно за соодветно спроведување на законот од страна на полициските службеници.

Во таа насока, стои во соопштението, граѓаните треба да бидат уверени дека секој што постапува во спротивно со законот ќе биде соодветно санкциониран. цр/вг

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност