Утрински Весник
Свет

Уште една компанија ја намалува испораката на вакцина за ЕУ

Уште една компанија ја намалува испораката на вакцина за ЕУ

Компанијата „АстраЗенека“ соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите на ЕУ ќе бидат помали од предвиденото.

До намалување на испораката на вакцината, која се развива со Универзитетот Оксфорд, доаѓа поради застој во производството.

„ Почетните количини ќе бидат помали од првично предвидените, заради намалените приноси на точката на производство во рамките на нашиот европски синџир на снабдување“, соопшти портпаролот на компанијата во писмена изјава, одбивајќи да даде детали.

Тој додаде дека компанијата ќе ги снабдува земјите од ЕУ со десетици милиони дози во февруари и март, бидејќи продолжува да ги зголемува количините на производство.

Претходно, германски „Билд“ објави, повикувајќи се на извори од компанијата, дека „АстраЗенека“ ја известила Европската комисија дека на почетокот нема да може да ги испорача договорените количини на вакцини за коронавирус, откако доби одобрение за употреба во блокот, што се очекува кон крајот на јануари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел