Утрински Весник
Свет

Уште еден земјотрес ја погоди Турција

Уште еден земјотрес ја погоди Турција

Уште еден земјотрес со јачина од 5,1 степен ја погоди Турција. Земјотресот е регистриран на 74 километри од Измир, пренесува ЕМСЦ.Нов земјотрес е регистриран на длабочина од пет километри, а бил почувствуван и на бреговите на Грција.

ЕМСЦ известува дека по ова било почувствувано и тресење на тлото со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала на 47 километри западно од Сока.

Во водите на Егејско Море попладнево е регистриран земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Речиси 20 згради се урнаа во областите на западниот турски град Измир. Според досегашните податоци, шест лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

11годипно дете во САД го убило татко му затоа што му го зел Нинтендото

Зошто Гренланд е дански? – 24info.mk

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции