Утрински Весник
Македонија

Ученичка во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга со нож нападнала соученик

Ученичка во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга со нож нападнала соученик

Деветнаесет годишна ученичка во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга вчера утрото во училишниот двор со остар предмет нападнала соученик.

Како што соопшти МВР, А.М.(19) од струшкото село Долно Татеши со остар предмет го нападнала соученикот Е.К.(19) од Струга.

Ученичката е повикана на разговор во полициската станица и по целосно расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Можете да прочитате

Засилени контроли на скопските улици – Приведен малолетник, санкционирани повеќе возачи

Намалена видливост поради магла на патот Попова Шапка – Лисец

Шуга меѓу војници во касарната во Велес