Утрински Весник
Македонија

Ученици од Дебар, Струга и Карбинци победници на онлајн натпреварот по кодирање со уредот „Микро:бит“

Ученици од Дебар, Струга и Карбинци победници на онлајн натпреварот по кодирање со уредот „Микро:бит“

Учениците Ермира Оручоска и Сеад Рустемоски при основното училиште „Ристо Ристески“ од с. Долно Косоврасти го изготвија проектот наречен „Правосмукалка Мирина в1.0“, под менторство на наставникот Ристо Коларовски и со истиот победија на онлајн натпреварот по кодирање со уредот „Микро:бит“.

На натпреварот кој го организираше Британскиот совет во соработка со Министерството за образование и наука, второто место го освои училиштето „Ашим Агуши“ од с. Радолишта, Струга со проектот „Класификација на отпадот со употреба на микробит“, а третото место му припадна на училиштето „Страшо Пинџур“ од Карбинци кое го изготви проектот „И смарт и спорт (паметна употреба на паметни уреди)“.

Натпреварот е дел од програмата „Училишта на 21век“ финансирана од Владата на Обединетото Кралство, на кој учениците и нивните ментори имаа задача да изготват проекти кои ќе понудат решенија за некои секојдневни проблеми од нивното опкружување. Сите фази од натпреварот, вклучително пријавувањето, почетната оценка на проектите и самиот настан, се одвиваа онлајн.

Покрај вештините за кодирање, училишните тимовите ги користеа и нивните вештини за решавање проблеми и критичко размислување. За да се квалификуваат успешно за натпреварот, тие ги усовршија нивните вештини за презентирање и создавање видеа.

На учениците им се обратија министерка за образование и наука, Мила Царовска како и британската амбасадорка Рејчел Галовеј, која посочи дека дигитализацијата е процес во кој наставниците учат заедно со своите ученици.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале