Утрински Весник
Македонија

Учениците од четврто до деветто и од средно ќе користат дигитални учебници

Учениците од четврто до деветто и од средно ќе користат дигитални учебници
Dik 300x250 mk

На вчерашната владина седница утврдена е содржината на Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование од кој се очекува да се подобри квалитетот на учебниците во основното и средното. Се обезбедува транспарентност на постапките за набавка на учебници, се поставуваат механизми за контрола на содржината за да се спречи на влез на дискриминирачки содржини. Се обезбедува дигитализација и пристапот на учебници за лицата со оштетен вид.

Од прво до трето одделение учениците ќе користат учебници во печатена форма, а од четврто до деветто одделение во основното образование, како и учениците во сите години од средното образование ќе користат учебници во дигитална форма и наставен и дидактички материјал во електронска форма.

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!