Утрински Весник
Свет

Учениците во Словенија ќе се вакцинираат пред полагање на матурскиот испит

Учениците во Словенија ќе се вакцинираат пред полагање на матурскиот испит
Dik 300x250 mk

Учениците од завршните одделенија во средните училишта во Словенија имаат можност да се вакцинираат против Ковид-19 како приоритетна група веќе следниот петок пред матурските испити, кои треба да почнат во мај.

СТА известува дека стратегијата за имунизација претставена од официјалната министерка за здравство, Весна Керстин-Петрич, е изменета и ги вклучува матурантите од средно училиште и училишниот персонал вклучен во полагање на завршните тестови, кои сè уште не биле вакцинирани меѓу приоритетните групи, заедно со оние над 60 години и хроничните болни.

Керстин-Петрич објави дека родителите на особено чувствителни и хронично болни деца се наведени меѓу приоритетните групи во последната промена во словенечката стратегија за вакцинација.

„Ние сакаме учениците да се подготват за испитот за зрелост на најопуштен можен начин и да го полагаат во безбедна средина“, рече словенечката службеничка.

Забележувајќи дека вакцинацијата е доброволна, студентите што сакаат да бидат имунизирани се поканети да аплицираат денес или до понеделник, оние на возраст од 18 години и постари ќе ја добијат вакцината на „Астра зенека“, а вакцината на „Фајзер-Бионтек“ е планирана за малолетници.

Околу 17.000 средношколци треба да полагаат матура, а испитите треба да почнат на 4 мај.

Можете да прочитате

Тројца загинати, осуммина исчезнати во лавина во Непал

Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Појасот Газа

Медведев: Колку повеќе пари Западот троши за Киев, толку повеќе територии ќе ѝ се вратат на Русија