Утрински Весник
Македонија

Учениците во Прилеп се вклучуваат во електронска едукација

Учениците во Прилеп се вклучуваат во електронска едукација

Прилеп, 17 март 2020 (МИА)Следејќи ги препораките на Министерството за образование и наука, прилепската локална самоуправа се вклучува во електронската едукација на учениците во сите воспитно-образовни институции, со листи за бесплатно користење дигитални платформи, апликации и содржини кои може да бидат корисни за едукација на учениците.

 Во секое училиште може да се креира платформа на Google Drive преку која ќе се прикачуваат материјали кои, согласно наставната програма, би се учеле во овој период од годината.

 Зора Чадамова, директор на приелпското основно училиште „Кочо Рацин“, вели дека постепено овие денови почнале да се вклучуваат во онлајн-едукациите на учениците.

-Почнавме индивидуално, преку бесплатните апликации кои ни се на располагање преку Министерството за образование и наука. Креиравме виртуелни училници, а и преку слики се  доставуваат задачи до учениците, а наставните се на располагање електронски да одговараат на прашањата на учениците. Кај нас речиси сите ученици имаат интернет и може да користат тоа што им е на располагање од наставната програма, изјави Чадамова.

Активно е и во прилепската гимназија „Мирче Ацев“. Според директорот Диме Настескиж дадени им се препораките на наставниците индивидуално да креираат контакти со гимназијалците. Први почнаа со предметот македонски јазик.

-Професорите по македонски јазик го прикачија материјалот, особено за државната матура за матурантите, а комплетирани се и наставните содржини по информатика. Постепено се вклучуваат другите професори. Денеска целосно им се проследени препораките на сите, рече Настески.

Во Прилеп има 11 основни и пет средни училишта со вкупно повеќе од  10 000 ученици.

Од локалната самоуправа информираат дека сето ова е со цел образовната надградба да не застане, а во актуелните вонредни околности учениците да продолжат да се едуцираат во домашни услови. ем/хс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер