Утрински Весник
Македонија

Ученик од Скопје бил физички нападнат од соученици, нападите биле снимани и споделувани на социјалните мрежи

Ученик од Скопје бил физички нападнат од соученици, нападите биле снимани и споделувани на социјалните мрежи
Dik 300x250 mk

Синоќа во 19.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син, ученик во основно училиште, во неколку наврати, на игралиштето во дворот на училиштето, бил физички нападнат од тројца малолетници, соученици во училиштето.

Според пријавеното, малолетниците ги снимале настаните, а снимките ги споделувале на социјални мрежи и помеѓу другите ученици.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Филипче се жали на изборни притисоци, потврди дека СДСМ има само 6 градоначалници

Час и половина по гласањето, само СДСМ не се огласија за изборниот ден

СДСМ победи во Центар, Македонска Каменица и Зрновци