Утрински Весник
Македонија

Утре ќе се изврши втора фаза од авионско прскање против комарци во Скопје

Утре ќе се изврши втора фаза од авионско прскање против комарци во Скопје

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Градот Скопје ги известува граѓаните дека втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на утре во раните утрински часови.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од прес-службата на Град Скопје.

Оттаму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.фф/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа