Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Утре ќе бидат префрлени во Скопје првите двајца преживеани во автобуската несреќа

Утре ќе бидат префрлени во Скопје првите двајца преживеани во автобуската несреќа
300x250 opst2

Утре ќе бидат донесени првите двајца од седумте преживеани во автобуската несреќа во Бугарија. Тие прво ќе бидат сместени на скопските клиники, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој нагласи дека сите се во добра здравствена состојба.

В недела (28 ноември) ќе бидат префрлени уште двајца од повредените, други двајца на 30 ноември, а последниот преживеан ќе биде префрлен на 1 декември.

Српскиот државјанин, кој е меѓу преживеаните, ќе биде пренесен во Србија.

За пренесување на посмртните останки на 45-те загинати, пак, во Владата е формирана работна група во која, покрај Османи, се и министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Османи рече дека се очекува процедурите на идентификација на телата да завршат наредната недела и првичните најави се дека тие ќе бидат готови кон вторник или среда.

Можете да прочитате

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции

Поради снежни врнежи, забрана за камиони на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку Стража