Утрински Весник
Македонија

Утре услови за локален дожд, од вторник нов влажен бран со снег

Утре услови за локален дожд, од вторник нов влажен бран со снег

Скопје, 11 април 2020 (МИА) – Услови за локален дожд претежно во јужните и западните делови од земјата се очекува од утре попладне.

Под влијание на влажен бран во вторник ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места. Во среда ќе биде претежно суво, но ветровито и посвежо.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала, а попладне со умерена облачност. Пооблачно ќе биде во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на места вдолж Повардарието и на истокот краткотрајно ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Попладне ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. мс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична за три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законска основа