Утрински Весник
Македонија

Утре сончево со мала облачност, стабилно време и во наредните денови

Утре сончево со мала облачност, стабилно време и во наредните денови

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Според информации од УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 21 до 29 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 26 до степени.

УХМР најавува дека и во наредните денови следува период на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој во деновите од викендот ќе предизвика намалување на температурата за неколку степени.

Можете да прочитате

Филиповска Тодорчевска: На Скопје му недостига долгорочна визија за развој

Филиповска Тодорчевска: Кај „Треска“ се планираат околу 6.000 жители на само три хектари

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам