Утрински Весник
Македонија

Утре сончево и топло со локална облачност

Утре сончево и топло со локална облачност

Утре според најавите од УХМР не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 31 до 37 степени. УВ=8.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.

Во среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја се очекува и во четврток. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно и потопло време.

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова од Анкара: Македонскиот јазик мора да се негува и пренесува на идните генерации

Извештајот за спорните операции на срце стигнал до Владата, но останува под превезот на тајност вели Клековски

До 20 часот изгаснати 12 пожари, продолжува борбата со огнот кај Кичево и Битола